Вујкото на Кејт Мидлтон во „Големиот брат“ објасни зошто семејството ја крие нејзината состојба

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По влегувањето во реалното шоу „Големиот брат“, вујкото на принцезата од Велс ја спомна неколкупати, а се осврна и на теориите на заговор за Кејт.

Додека Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, закрепнува од операцијата што ја имаше во јануари, теориите на заговор за нејзината состојба продолжуваат да кружат.

Ова е особено случај откако се појави нејзината папарацо фотографија, за која се шпекулира дека всушност е двојничка или резултат на вештачка интелигенција.

Нејзиниот вујко Гари Голдсмит, кој пред два дена влезе во реалното шоу „Големиот брат“ во Велика Британија, неколкупати ја споменуваше откако беше дел од оваа емисија, а сега се осврна и на сите озборувања што деновиве кружат за Кејт.

– Мислам дека треба да ја остават на мир, бидејќи постои причина зошто семејството не зборува за тоа и да и дадат малку простор – изјавил Голдсмит, а пренесува „Мирор“. – Мислам дека тоа е во основа погрешно и, кога би му се случувало на некој друг, би го оставиле на мир. Но, бидејќи Кејт е – Кејт, таа работи неверојатна работа, секогаш има интерес за неа.

Голдсмит е свесен дека неговата внука е една од омилените членови на британското кралско семејство и со тоа повикува да ја остават да се одмори.

– Таа е членка на кралското семејство „број еден“ со причина, ги молам луѓето да и дадат малку простор – рече тој и додаде дека дури и меѓу највисоките членови на Палатата „семејството е на прво место“.

– Мора да се грижиш за себе. Ставете маска за кислород пред да се грижите за другите. Кејт, оздрави, те сакаме и, кога ќе бидеш подготвена, повторно ќе се видиме. Тоа го правиме за сите други, зошто да не и за неа? – истакна Голдсмит.

Инаку, тој во неколку наврати нагласи дека нема да каже ништо во реалното шоу што би можело да ја посрамоти Кејт.

- Advertisement -
Ad image

– Има линија што не може да се помине. Кејт е најсовршената личност и јас сум навистина, навистина, навистина горд на неа, начинот на кој семејството се држи заедно, кругот на доверба што ја имаат нејзината мајка и Пипа – рече тој, мислејќи на помладата сестра на Кејт, Пипа Мидлтон. – Тоа е навистина силна единица.

Share This Article