Српскиот претседател Александар Вучиќ, предупредува дека зимата што доаѓа за некои земји ќе биде најтешката во последните 70 години, .
Тој во интервју за Тв Прва рече дека ќе недостига многу храна. Вели дека енергенси има доволно, но ќе бидат скапи. Тој нагласи дека околу 25 отсто од светскиот пазар нема да има леб.
Вучиќ рече дека нема извоз од украинските пристаништа и дека Русија исто така е спречена да извезува житарки, освен во пријателските земји, што значи дека во Европа нема да има ниту килограм.
– Светот го тресе криза и инфлација – посочи српскиот претседател.