More

    Вучиќ разочаран дојде на средбата со Курти во Брисел

    spot_img

    Средбата помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел почна со ниски очекувања и со очигледна нервоза кај двете страни. Српскиот претседател во Брисел беше пречекан од шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

    Вучиќ пред средбата изјави дека правото и правдата се на страната на Србија, но дека сите крупни на Запад се против Србија. Тој на Инстаграм објави видео снимено во авион, во кое наведува дека веќе неколку дена, особено вчера и денеска, Курти води „брутална и валкана кампања против Србија“.

     

    И премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека нема очекувања од денешната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти во Брисел, бидејќи, како што рече, не само што не ја гледа намерата на Приштина да го спроведе договореното пред десет години, туку смета дека Приштина намерно го прекршува Бриселскиот договор.

    „Не гледам како нештата ќе се променат по повеќе од десет години од потпишувањето на Бриселскиот договор како прв договор за нормализација гарантиран од ЕУ со неговиот потпис. Не гледам никаква подготвеност во Приштина,“, рече Брнабиќ одговарајќи на новинарски прашања.

    Брнабиќ додава дека Курти не само што не го спроведува Бриселскиот договор, туку и го прекршува.

    „Но, и со овие квази-избори што се одржаа на северот на Косово и Метохија, повторно ништо за тоа не слушнав од ЕУ. Всушност, она што се слушна беа практично гласови за одобрување за прекршување на Договорот од Брисел од страна на Приштина, така што денеска немам никакви очекувања.Се трудиме да продолжиме да бидеме толерантни, да го зачуваме мирот и некаква стабилност и покрај напорите на Приштина да предизвика дестабилизација“, рече Брнабиќ.

    Косовската претседателка Вјоса Османи денеска изјави дека Косово треба да го претстави својот нацрт Статут на Заедницата на српските општини, изготвен во согласност со Уставот на Косово, со одлуката на Уставниот суд од 2015 година и со писмениот став на САД.

    Илустрација: crayion.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img