More

    Вучиќ после седница на Советот за безбедност

    spot_img

    Доколку не го прифатиме планот на Шолц и Макрон последиците ми се презентирани и сигурно нема да ѝ бидат лесни на Србија! Тоа е мојот одговор на лажните патриоти кои тоа го потценуваат, кои беа на власт и станаа патриоти дури откако паднаа од власт – изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ по седницата на Советот за национална безбедност што се одржа денеска во Белград.

    Претставниците на Србите од Косово по разговорот со Вучиќ најавија дека ќе постават блокади доколку косовските власти почнат да ги отстрануваат регистарските таблички од возилата кои не се регистрирани според косовските закони.

    Владата на Косово побара сите граѓани до 31 октомври да ги заменат регистарските таблички за косовските градови, издадени од Србија, со оние на Република Косово. Доколку граѓаните не го направат тоа сами, надлежните ќе им ги одземат ознаките.

    Косовскиот премиер Албин Курти претходно изјави дека нема да има продолжување на рокот за пререгистрација и потсети дека Косово веќе еднаш го продолжи тој рок. И по неколку обиди претставниците на Србија и Косово не успеаја да се договорат, а претставниците на косовските Срби најавија дека со блокади ќе ја попречуваат промената на регистарските таблички.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img