Ниту Украина ниту било кој друг нема да биде пред Србија во ЕУ, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување во ТВ емисијата „Усијање“, повикувајќи се на последниот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.
Според Вучиќ, тоа е важна вест за сите граѓани на Република Србија.
Вучиќ пренесе дека пред недела-две на премиер од ЕУ му кажал што ќе следува а овој не му верувал, а тоа било, како што изјави Вучиќ, зашто ги знаел актерите и затоа што знаел дека кога возот ќе тргне нема запирање.
– Но, нема запирање и во барањата кон Србија и затоа нашата позиција е тешка и затоа кај мене нема насмевка, нема плачење, но нема ни насмевка бидејќи знам колку е тешко – рече Вучиќ.