Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на конференцијата изјави дека отишол во црквата да запали свеќи за загинатите во масовните убиства во Србија и дека не носел камери за да го фотографираат.
На новинарско прашање по конференцијата со Мирослав Лајчак зошто не се појавил во училиштето „Владислав Рибникар“, тој вели дека моментот на палење на свеќите во црквата не го објавил на Инстаграм или на други социјални мрежи.
„Веднаш испратив сочувство до сите. Не ја разбрав суштината и смислата на прашањето. Дали треба да дејствуваме секогаш кога ќе помислите на нешто? Тоа е подеднакво глупаво прашање, како и прашањето зошто денот на жалост започнува во петок, а не во четврток, и дали тоа е поради натпреварот со Партизан“, изјави српскиот претседател.