Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за шестомесечниот извештај за работата на УНМИК во Косово, одговори на обвинувањата на косовската претседателка, Вјоса Османи, која зборуваше за Албанките кои наводно биле силувани и кои биле во нејзината делегација, објави српски Информер.
Вучиќ покажал фотографија од Србинка која за време на војната била силувана и убиена во Косово и Метохија.
– Дали навистина верувате дека немало силувани Србинки во Косово, да ви ја покажам Марица? Таа жена беше силувана неколкупати, а потоа заклана. Но, тоа не беше темата на нашата денешна средба. Ве молам, следниот пат барем да нѐ информирате дека некои граѓани ќе донесат некои луѓе за да ја префрлат вината на другата страна- рече Вучиќ.