Српскиот претседател Александар Вучиќ од самитот „Украина-Југоисточна“ Европа во Тирана рече дека се прифатени барањата на Србија од декларацијата која треба да се потпише да се исфрли предлогот за воведување санкции кон Русија и наводот дека Русија врши малигно влијание врз Балканот.
Тој не сакаше да им открие на новинарите кој инсистирал барањето за воведување санкции против Руската Федерација да биде ставено во текстот на декларацијата, велејќи само „најмоќните“.
Вучиќ додаде дека Србија ќе остане посветена на почитувањето на меѓународното хуманитарно право. Тој посочи дека Србија ќе продолжи да обезбедува хуманитарна помош во рамките на своите можности за ранливото население на Украин.
Тој додаде дека на Украина не ѝ е лесно и дека Србија ја разбира позицијата во која се наоѓа таа земја.