More

    Вучиќ изјави дека Србите на Косово се наоѓаат во тешка ситуација поради тоа што нема да учествуваат на утрешните избори и дека по формирањето на новите локални власти ќе следи „целосна окупација“

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србите на Косово се наоѓаат во тешка ситуација поради тоа што нема да учествуваат на утрешните избори и дека по формирањето на новите локални власти ќе следи „целосна окупација“.

    – Нашиот народ утре мирно, одговорно и со презир ќе ги гледа тие што ќе ги довлечат од Јужна Митровица да гласаат и да им изберат власт во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток. Што ќе се случи потоа, ништо, целосна окупација што луѓето се веќе подготвени, навикнати, научени, ќе бидат мирни, одговорни, ние ќе исплатуваме плати како и досега, ќе се бориме за нив уште повеќе, ќе им го подигнеме стандардот и ќе чекаме некои подобри времиња во кои ќе важи повелбата на ОН и меѓународното јавно право – рече Вучиќ.

    Тој го праша портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, дали барем малку се срами кога изјавува дека е разочаран што Српската листа и Србите нема да учествуваат на изборите.

    Вучиќ повтори дека Србите во Косово досега учествувале во неколку изборни циклуси, а дека тоа не требало да го сторат пред да се формира Заедницата на српските општини.

    – Изборите се спроведуваат со придружба на 550 вооружени полицајци, од декември до јануари се застрелани две деца, извршени се неколку напади врз Срби, а некој од Европа тврди дека е разочаран – рече Вучиќ и ги повика Србите на единство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img