More

    Вучиќ е лут, Брнабиќ бара одговорност

    spot_img

    Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, јавно праша зошто репрезентацијата на Србија отпатува на Европското првенство овој јуни со хрватска авиокомпанија со хрватски ознаки. По заминувањето на тимот, кој во Германија лично го придружуваше српскиот претседател Александар Вучиќ, државниот врв не сакаше да зборува на таа тема за време на турнирот, јавува српски Мондо.

    – Можам да претпоставам дека не се зборуваше за да не се вознемирува српската репрезентација додека играчите играат и се борат за Србија. Но, вистина е дека тоа се случи. Да е срамота, срамота е. Претседателот Вучиќ, би рекла, беше очаен поради тоа и крајно лут. Очекувам да се откријат одговорните и да се види зошто тоа се случи – рече Брнабиќ.

    Таа изјави дека за тоа не се разговарало во претходните денови за да не се префрли фокусот на јавноста од поддршката за фудбалската репрезентација на други теми и оти смета дека тоа е правилна одлука.

    – Сите ние имаме своја Ер Србија и секогаш патуваме со Ер Србија и кога претседателот на Србија патува на долги патувања, како во Кина, тој секогаш оди со Ер Србија затоа што ни е гордост кога слетуваме со нашето знаме во авионот. Не знам зошто тоа се случи, но знам дека тоа се случи и дека не се разговараше за да не се вознемири тимот и апсолутно е неопходно да се утврди одговорност  – додаде Брнабиќ.

    Српската фудбалска репрезентација без победа го заврши учеството на ЕП во групната фаза – со пораз од Англија, потоа нерешено против Словенија од Данска со многу неефикасна игра и само еден постигнат гол на турнирот. „Орлите“ е една од само осумте екипи кои го завршија учеството во оваа фаза од турнирот.

    По елиминацијата, капитенот Душан Тадиќ емотивно проговори за сè што доживеал, а има и информации дека група играчи нема да играат за Србија додека е селектор Драган Стојковиќ – Пикси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img