Врнежи до сабота, потоа следува период на стабилно и топло време

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во планинските подрачја утре ќе има краткотраен локален дожд, а во сабота попладне ќе има услови и за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи потоа следува период на стабилно и топло време.
Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини со повремен слаб снег. Локално краткотрајно врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи, а до крајот на денот насекаде ќе престанат. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Времето во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи до 15 степени целзиусови.

Share This Article