More

    Вријат социјалните мрежи против Нетфликс

    spot_img

    Објавен е трејлерот за новиот документарен серијал на Нетфликс „Кралицата Клеопатра“, кој ќе биде објавен на 10 мај оваа година, а оваа продукција веќе доби илјадници критики. Серијата ја продуцираше сопругата на Вил Смит, Џејда Пинкет Смит, а серијата ќе ја прикажува Клеопатра како црнка.

    На Јутјуб, трејлерот за документарецот собра повеќе од 222.000 негативни оценки за само четири дена, додека само дваесет илјади луѓе го оценија позитивно.  Гледачите се бесни на Нетфликс и Џејд затоа што, како што велат, ја прикажуваат Клеопатра како црна. Една од жените во трејлерот јасно кажува: „Не е важно што ти кажале во училиште, Клеопатра била црна“.

    Серијата веднаш стана топ тема на Твитер, а луѓето се лути на прикажувањето на Клеопатра како црнка и ја нарекоа серијата „црно перење на мозокот“. Особено е проблематично што се работи за документарен серијал.

    Грците и Египќаните, како и бројните историчари, исто така се налутени поради Црната Клеопатра, затоа што велат дека тоа не коинцидира со историската вистина.

    – Клеопатра не беше црна, таа беше грчка кралица на Египет и е прекрасна врска меѓу грчката и египетската цивилизација. Уште полошо, извршен директор на Нетфликс е Гркот Тед Сарандос. Тој дозволува фалсификување на грчката историја – пишува грчкиот новинар Пол Антонопулос.

    Бидејќи Нетфликс ги направи црни Клеопатра и старите Египќани, претпоставувам дека е време да снимиме документарец за црните поларни мечки“, се вели во еден од коментарите.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img