Врховниот суд ја соопшти одлуката за ревизија на правосилната пресуда на Жупанискиот суд во Сплит во случајот за старателството над синот на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ. Тоа е веста која во вторникот шокираше многумина, а Северина веќе неколкупати се огласи и порача дека ќе се бори „до последната капка крв за своето дете“, пишува „24сата“.
Имено, пресудата на Жупанискиот суд во Сплит, со која е одлучено дека синот, за кој родителите имаат заедничко старателство, ќе поминува подеднакво време со двајцата родители, но ќе престојува со мајката, сега е поништена со оваа одлука на Врховниот Судот. Тоа значи дека таа повеќе не произведува никакви правни влинија, како никогаш да не постоела. Единственото одлука што останува во сила е она на Општинскиот граѓански суд од ноември 2019 година, кој одлучи момчето да живее со татко му, а мајка му да може да го посетува двапати неделно, секој втор викенд и за време на празници.
Според одлуката на Врховниот суд, поради ова, дошло до значителна повреда на одредбите од парничната постапка. Советот на Врховниот суд смета дека е направен пропуст токму во тоа што вештаците не биле сослушани на рочиштето во Жупанискиот суд во Сплит.
– Мора да се заклучи дека, штом една од странките побарала вештакот усно да се сослуша на рочиштето и притоа ги прецизирала околностите под кои се предлага сослушувањето, независно од тоа што претходно генерално се изјаснила дека нема приговори на наодите и мислењето на вештакот, дошло до битна повреда на одредбите на парничната постапка. Затоа второстепената пресуда е укината и предметот е вратен на повторно судење во Жупанискиот суд во Сплит – се наведува во одлуката.