Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираше УХМР.„Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/час). Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен северен ветер и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. Во четврток ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени, ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст“, се вели во соопштението.