More

    Три лесни вежби во вода за тенок струк и цврст грб, а пет минути се доволни

    spot_img

    Многу фитнес експерти се согласуваат дека пливањето е најдобрата вежба за целото тело, но тоа не е единствената што можете да ја правите во морето.

    Пливањето е одлична кардио активност која согорува калории со голема брзина и не врши притисок врз зглобовите. Меѓутоа, ако не сте љубител на пливање или едноставно сакате да додадете други вежби во вашата фитнес рутина за време на престојот на плажа, тогаш имаме три едноставни вежби за вас.

    Овој сет првенствено е наменет за половината и ќе ви помогне да ги извајате стомачните мускули, но одлично делува и на остатокот од телото бидејќи за време на вежбањето водата дава отпор и на тој начин ги принудува сите мускули во телото да работат.

    1. Лажни стомачни
    Легнете во плитко така што вашата глава да биде надвор од водата, а дел од вашето тело од рамениците надолу е во вода. Површината не мора да биде рамна и положбата на телото на благ наклон не го попречува изведувањето на вежбата. Ставете ги рацете до телото и истегнете ги нозете исправени. Потоа, истовремено кренете ги правите нозе и торзото додека рацете ги држите во положба како да се обидувате да ги допрете прстите. Повторете 10 пати.

    2. Сквотови во вода.
    Застанете исправено во вода до бутовите. Истегнете ги двете раце директно пред вас и сквоти надолу. Повторете 10 пати.

    3. Подводен велосипед.
    Застанете во вода до вратот и имитирајте возење велосипед со нозете. Направете ја вежбата една минута.

    СОВЕТ: Можете да ги изведувате сите три вежби одеднаш во интервали и да ги нарачате по сопствена желба. Можете да ги изведувате неколку пати на ден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img