More

    ВРЕДИ Обвинува:Од сите страни пристигнуваат информации за криминалии од кадри на Ахмети и на Села

    spot_img

    Вчера објавивме информации за тендерите кои фамилијарно поврзаната фирма на пратеникот Елми Азири ги добила од Државна Лотарија. Денеска продолжуваме со нови скандалозни информации кои дополнително ќе потврдат дека ДУИ ги користеле народните буџетски средства како приватно чекмеџе за остварување политичко влијание, информира , Бујаре Абази, портпаролка на коалицијата Вреди.

    – Во мрежата на главниот извршител Артан Груби се фаќале сите политичари кои ја сфаќаат политиката и како можност за лично и фамилијарно богатење. Фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, чиј сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири, во период од 9 месеци, сметано од јуни 2021 до март 2022, добила два тендера од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на чие чело беше Артан Груби, главниот логистичар на Али Ахмети. Овие два тендера се однесуваат на набавка на информатичка опрема и нивната вкупна вредност изнесува 2 милиони и осумстотини илјади денари. Ова е втора државна институција под команда на Артан Груби од која истата компанија добила тендери – рече таа.

    Абази додаде дека не може да се смета дека е случаен избор на Прпарим Бајрами и на Артан Груби, токму фирмата на внукот на пратеникот Елми Азири да има најповолни понуди за да ги добива тендерите.

    – Од сите страни пристигнуваат застрашувачки информации за коруптивното поведение на кадрите на Али Ахмети и Зијадин Села. Наша обврска е да ги споделуваме со јавноста. Интересно е да видиме како раководството на таканаречениот Европски Фронт ќе му објаснува на своето членство зошто само одредени луѓе можеле да ги чувствуваат бенефициите од власта. Утре продолжуваме – најави портпаролката на Вреди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img