Вработените во Зоолошката градина „Скансен“ во Стокхолм, Шведска, сè уште трагаат по кралската кобра која избегала од нејзиниот терариум викендов, поради што Зоолошката е делумно затворена

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вработените во Зоолошката градина „Скансен во Стокхолм, Шведска, сè уште трагаат по кралската кобра која избегала од нејзиниот терариум викендов, поради што Зоолошката е делумно затворена.

Отровната змија-мажјак, наречен „Господин Хисинг, пристигнал во зоолошката градина пред неколку дена и веќе успеал да исчезне меѓу терариумските светилки, поради што му го дале и прекарот „Худини, по познатиот магионичар. Тој дел од Зоолошката градина е евакуиран и затворен додека „избеганиот влекач не биде фатен.

Вработените сепак веруваат дека змијата сега е некаде на таванот на одделот за рептили.

– Тој нема да излезе надвор, бидејќи надвор е премногу студено за него – изјави директорот на Зоолошката градина, Јонас Валстром.

Кралските кобри се смртоносни змии. Тие потекнуваат од Јужна и од Југоисточна Азија и се најдолгите отровни змии во светот. Нивниот главен плен се, главно – другите змии, но каснувањето може да биде фатално за луѓето доколку не се лекува навреме.

Фото: EPA-EFE/SANJEEV GUPTA

Share This Article