Вработена во Центар за социјални работи Неготино денеска јавно реагира по заканите што завчера ги добиле од корисник на гарантирана минимална помош

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вработена во Центар за социјални работи Неготино денеска јавно реагира по заканите што завчера ги добиле од корисник на гарантирана минимална помош. Во изјава за МИА, таа информираше дека завчера во просториите на ЈУМ ЦСР Неготино, демонстративно влегол корисник на гарантирана минимална помош, без никаква претходна покана, ниту пак потреба.

– Тој под дејство на алкохол почна да вика на висок тон, да упатува погрдни вулгарни зборови кон три службенички во канцеларија, да се заканува по живот, безбедност и здравје на нас и нашите семејства. За истото е пријавено во полиција веднаш по чинот на влегување во канцеларијата, бидејќи претходно веќе имавме сознанија дека тој вознемирувал граѓани и деца во училиштата и гимназијата во Неготино за што е пријавено во полиција. Тој во период додека беше во канцеларија фрлаше службени досиеа кон нас, со стаклено шише алкохол, со филџани, екранот од комјутер кој стоеше на празното биро и се соблекуваше пред нас, со намера, како што рече, да правел што сака со нас. Бидејќи веќе ни стана секојдневие во ова наше ново општество без морални вредности да се соочуваме со недолично однесување на лицата кои се во социјален ризик, сметаме дека бевме професионални и соодветно постапивме – изјави социјалната работничка Павлинка Волканоска.

Таа напоменеа оти се чувствуваат незаштитени како стручни работници.

– Ние сме први на удар кога станува збор за дејствувањето и постапувањето на лицата кои се во социјален ризик. Оттука сакам да напоменам дека се повеќе колеги од центрите си дадоа отказ од постојаниот притисок, ризик и секојдневно омаловажување кои придонесуваат за секојдневен стрес и страв, нагласи таа.

Се заканувал кон вработена во Центар за социјални работи Неготино и се соблекол пред неа, неготинец бил лишен од слобода, потврди денеска за МИА, портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

„Завчера, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Л.Ф.(50) од Неготино, затоа што во Центарот за социјални работи во Неготино, упатил закани кон една вработена и се соблекол пред неа. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ – се вели во писмениот одговор до МИА.

Share This Article