Припадниците на Министерството за внатрешни работина Р.Србија, Одделот за борба против корупција, УКП, по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, го уапсија Р.З.(63) поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело злоупотреба на положбата одговорно лице.
Таа е осомничена дека го злоупотребила овластувањето како вработена во банка во Нови Сад во периодот од 2016 до 2018 година и извршила повеќе безготовински трансакции на штета на клиентите на банката.
Таа си префрлала пари на себе и на своето семејство
Тие пари Р.З. потоа ги префрлила на нејзината тековна сметка и на тековните сметки на членовите на нејзиното семејство.
На овој начин се сомничи дека за себе и за другите прибавила противправна имотна корист од 15.925.527 динари, за која сума ја оштетила банката.
На осомничената и е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведена во надлежното обвинителство.