Патничко возило „фолксваген“ излетало од главниот пат кај Националниот парк Галичица, по што во спасувачка акција патниците се извлечени неповредени, но возилото останало да виси на карпата, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„На единствениот број за итни случаи 112 попладнево добиена е пријава излетано возило од патот кај Националниот парк Галичица. По спасувачката акција патниците се неповредени и извадени од возилото, кое уште виси на карпа.
Насреќата се случила кај националниот парк Галичица на 10 минути возење по наплатниот пункт, кај местото Коритски Рид. РЦУК Охрид извести дека за настанот се запознаени МВР, СВР Охрид и истите испратиле патрола на тој дел, по што известиле дека лицата се наповредени, но возилото останало да виси на карпа. Патниците се живи и здрави“ – велат од ЦУК.