More

    Возачот на автобусот е уапсен, обвинет е за несреќата во Црна Гора

    spot_img

    Обвинителот ќе нареди вештачење на автобусот за да се утврди дали евентуален механички дефект придонел за несреќата што се случи на патот Цетиње – Будва во Црна Гора, во која две лица го загубија животот, а повеќе се повредени. Возачот на автобусот е уапсен и се соочува со кривична пријава за тешко кривично дело против безбедноста во сообраќајот.

    Ден по несреќата кај местото Обзовица, истражните органи, вклучително и полицијата и обвинителството, беа ангажирани на собирање изјави од патници и сведоци со цел да се разјаснат причините за излетувањето на автобусот на компанијата „Паповиќ“ во клисурата.

    Цетинската обвинителка Анѓа Радовановиќ нареди вештачење на автобусот за да се утврди дали механички проблем довел до трагедијата во која загинаа две лица Анѓела Бурзановиќ (19) од Подгорица и британскиот државјанин А.Н.Д. (66), додека повредени се дваесет и шест лица.

    Во меѓувреме, возачот, триесет и шестгодишниот Н.С. од Никшиќ, е уапсен поради сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста во сообраќајот. Откако поради повреди бил примен во болницата ​​во Цетиње, возачот под полициска придружба бил префрлен во Клиничкиот центар во Подгорица.

    Тој изјавил дека почувствувал силна болка во задниот дел од главата, како и дека за момент „изгубил свест“ и дека не се сеќава како слетал во провалија, пишува Вијести.

    Несреќата најверојатно се случила кога возачот изгубил контрола над автобусот „Паповиќ“ додека сообраќал од Цетиње кон Будва. Автобусот удрил во заштитен насип долг околу 15 метри и ја пробил оградата пред да слета во провалијата длабока околу 20 метри.

    Неофицијално, полицијата земала изјави од патници кои дале спротивставени информации – некои не виделе што точно се случило, додека други тврдат дека возачот наводно го користел телефонот, претурал по фиоки и броел пари.

    Возачот во моментов го обезбедуваат полициски службеници на Клиничкиот центар во Подгорица, а согласно законот ќе биде пренесен кај надлежен обвинител.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img