Страшен инцидент се случи денеска околу 13 часот во Белград пред Палатата Србија кога несовечен возач на автомобил буквално прегази еден од демонстрантите кои протестираат против ископување литиум и бор, објавија српските медиуми.
Инцидентот се случил на една од крстосниците околу Палатат Србија, кога возачот се обидел да ја пробие блокадата и со автомобилот удрил во момче кое учествувало на протестот.
Како што може да се види на видеото, автомобилот удрил во младиот човек и неколку метри го носел на хаубата, додека останатите демонстранти удирале по возилото обидувајќи се да го запрат.
Демонстрантите потоа му пришле на младото момче кое паднало од хауба на патот, а тоа им рекло дека е добро и дека не е тешко повредено.
– Мислевме дека несовесниот возач ќе застане, но напротив, тој ја зголеми брзината. Мислам дека сум добро, дефинитивно ќе одам на лекар, но нема потреба од брза помош. Ова е мојот трофеј, и затоа бев истраен додека ме возеше на хаубата – рече младиот човек, покажувајќи кон бришачот кој бил скинат од возилото што го удрило.