More

    Општините не можат сами да си ја платат струјата

    spot_img

    На денешната четврта седница на управниот одбор на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), едногласно е изгласан заклучок да се побара итен состанок со Владата со цел изнаоѓање на решение за проблемите предизвикани од енергетската криза.

    Оттаму наведуваат дека се бара средбата да се реализира со членовите на управниот одбор на ЗЕЛС со Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и со претставници на ресорите кои се директно поврзани со справување со последиците од енергетската криза.

    Станува збор за голем проблем и градоначалниците веќе подолг период алармираат на повеќекратно зголемување на сметки за електрична енергија, а во некои општини и за повеќе до 500 проценти во однос на тие пред почетокот на кризата. Претставниците на ЗЕЛС побараа навремена реакција од Владата за надминување на оваа состојба, потенцирајќи дека доколку тоа не се случи час поскоро, ќе се доведе во прашање функционирањето на општините, но и на јавните претпријатија и образовните институции.

    На состанокот се дискутираше и за општата финансиска состојба на општините, каде што ЗЕЛС уште еднаш го потврди ставот дека за поголема финансиска самостојност потребно е зголемување на средствата од дотации и поголем процент од персоналниот данок на доход, како и данокот на додадена вредност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img