Општина Кичево воведе рестрикции на јавното осветлување во градот и селските населби. Градот од полноќ е во темнина, а селата немаат улично светло од 23 часот.
Градоначалникот Фатмир Дехари, вели дека како резултат на светската криза со електрична енергија, донеле одлука за воведување рестрикции.
– Во споредба со претходната година, во декември јавното осветлување беше трипати поскапо и се очекува сметката за јануари-февруари која ќе стигне за 10 дена да биде дури до шестпати повисока. Согласно овој тренд значи дека до месец јуни општината ќе „потоне“ во долгови и нема да може да ги реализира приоритетите на месните заедници, главните барања кои ги предвидовме во Буџетот на општината. По ова известување, сите се договоривме да почнеме да делуваме рационално, односно да го ставиме во прекин јавното осветлување во одреден период – изјави Дехари.