Вооружена група со автоматски пушки отворила неселективен оган во црква и во Синагога во јужниот руски регион Дагестан, информираше локалната полиција.
Според информациите од терен кои ги пренесуваат руските медиуми, најмалку еден полициски службеник е смртно застрелан, а засега не се знае колкумина се загинати и повредени.
Осомничените се оддалечиле со бело „фолксваген поло“, соопшти полицијата и додаде дека во моментов трага по возилото.