Русија и Белорусија денеска почнуваат заеднички вежби на воздухопловните сили, што ги зголемија стравувањата во Киев и Западот дека Москва би можела да го искористи својот сојузник за да започне нова копнена офанзива во Украина.
„За време на тактичките летачки маневри ќе бидат вклучени сите аеродроми и полигони на воздухопловните сили и силите за воздушна одбрана на вооружените сили на Белорусија”, се вели во соопштението за печатот на белоруското Министерство.