Српскиот водител Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ на 9 март добија син на кој му го дадоа името Перун.
Среќната и горда мајка неретко објавува фотографии од семејниот дом и малиот Перун на својот профил на Инстаграм.
Водителката неодамна се пофали на социјалните мрежи и откри дека нивното бебе наполнило еден месец, а сега таа и Огњен решиле да одвојат малку време за себе.
Новопечените родители одлучиле да грабнат некој момент за себе, па изглегле малку да се забавуваат.
Мина притоа се пофалила со фотографија на која не ја симнува насмевката од лицето, а покрај сопругот Огњен, на фотографијата е и пејачката Марија Микиќ на која Наумовиќ јавно ѝ се обратила:
„Здраво Маро легендо“, напишала Мина на самата фотографија.
ФОТО: Инстаграм