Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје постави дигитални апарати за плаќање на сметките за вода на 5 локации во градот.
Како што соопштија од Водовод апаратите се поставени во: дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделението за грижа на корисниците на ЈП „Комунална хигиена“, ГТЦ на приземје, во ТЦ Капитол Мол и во Сити Мол (во делот кај банкоматите).
– Корисниците на услугите на претпријатието на овој тип апарати имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата со користење на картичките „мастер“ и „виза“од сите банки без провизија – информираат од Водовод.
Покрај оваа можност, корисниците можат да пристапат до електронските услуги на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и преку мобилната апликација достапна за Андроид и ИОС.