Во земјава се регистрирани 98 случаи на ковид-19

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19, нема починати лица, а пак како оздравени се водат 79 пациенти.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 775 тестови, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 68, Прилеп – 6, Куманово и Битола – по 5, Велес и Ресен – по 3, Тетово, Кавадарци и Штип – по 2, Кратово и Берово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (98), регистрирани се 26 реинфекција.

Регистрирани сe 79 оздравени пациенти од Скопје – 40, Битола – 10, Куманово и Кавадарци – по 5, Штип и Неготино – по 3, Прилеп и Велес – по 2, Тетово, Берово, Охрид, Кочани, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар, Крушево и Македонски – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Направени се 775 тестови: ИЈЗ-80, ЦЈЗ Скопје-128, ЦЈЗ Битола-31, ЦЈЗ Прилеп-19, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-28, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–80, Жан Митрев (Филип Втори)-12, Авицена-11, Биотек 21, Систина-5, лабораторија Лаор-3, Синлаб-1, Ремедика-9, Плодност-1, Генеа-3, Никоб Лаб-19, ВФВ Медикал-1, Ели Медика Плус-6, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 291.

Досега во земјата се направени вкупно 2.164.476 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.413, бројот на оздравени пациенти е 332.229, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 660.

Share This Article