Новороденче кое поради ентеровирус итно беше пренесено од општата болница „Д-р Анѓелко Вишиќ“ на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб денеска почина. Според информациите бебето уште од првиот ден на инфекцијата било во тешка состојба, а лекарите со сите сили се труделе да му го спасат животот.
– За жал, можам да потврдам дека бебето почина. Иако во одредени моменти изгледаше како да се подобрува, за жал здравствената состојба се влоши – изјави директорката на Општата болница Бјеловар, Санела Грбаш Братковиќ.
Можеби ќе ве интересира
ГРУПАЦИЈАТА „ВАГНЕР“ СЕ СЕЛИ ВО БЕЛОРУСИЈА? Командант…
Плусинфо 08/07/2023
(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛЕН ПОЖАР ВО АКВА ПАРК ВО СЛОВЕНИЈА!…
Плусинфо 08/07/2023
Станува збор за бебе кое од почетокот било во најтешка состојба бидејќи добилo миокардитис од ентеровирус. Инаку, од ентеровирус се разболеле осум новороденчиња родени во родилиштето во Бјеловар.
– Ситуацијата се смири, нема повеќе пациенти. Тестирањето се врши редовно, но нема нови инфекции. Немаме ниту хоспитализирани пациенти – рече Грбаш Братковиќ.