More

    Во Вишото јавно обвинителство во Заечар, утре во 10 часот повторно ќе биде сослушан Срѓан Јанковиќ, осомничениот за убиството на 2-годишната Данка Илиќ

    spot_img

    Во Вишото јавно обвинителство во Заечар, утре во 10 часот повторно ќе биде сослушан Срѓан Јанковиќ, осомничениот за убиството на 2-годишната Данка Илиќ, објави српски Телеграф.

    Повод за повторното рочиште се дополнителни прашања од обвинителот.

    Срѓан Јанковиќ претходно беше сослушан во Обвинителството на почетокот на јуни кога ја негираше вината, а првиот пат, по апсењето, се бранеше молчејќи, односно го искористи законското право да не изнесува одбрана.

    „Рочиштето на Срѓан Јанковиќ е закажано за 19 јуни 2024 година, во 10 часот“, соопшти Вишото јавно обвинителство во Заечар.

    Второобвинетиот Дејан Драгијевиќ го призна убиството.

    Двајцата се во притвор, а таткото на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето, неодамна е пуштен од притвор бидејќи за кривичното дело помагање на сторителот по извршувањето на делото, според законот во Србија, притворот не може да трае подолго од 2 месеца.

    Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img