Во Урошевац, денеска се уапсени четворица државјани на Македонија, тројца поради пукање, а еден бил баран со потерница. Станува збор за следниве лица Бесим Красниќи, Агим Красниќи и Сеад Рамадани Цапи кои се сега во притвор, објави Телма.
Како што соопшти косовската полиција, три лица се уапсени за „убиство во обид и учество во тепање“, а едно било барано со меѓународна потерница.
Според полицијата, првите три лица учествувале во тепачка што се случила на 17 октомври минатата година во Урошевац, каде имало и пукање.
Полициски единици вчера околу полноќ запреле „ауди“ со македонски регистарски ознаки во Урошевац, при што при контрола и преглед на автомобилот биле пронајдени три пиштоли и одредена количина муниција.
Тројца од четворицата приведени поседувале лажни документи за идентификација, соопшти полицијата.
Красниќи во 2008 година беше осуден на 15 години затвор поради тоа што во 2005 година во неговото родно село Кондово со својата група подготвуваше напад на Скопје.