Во украинскиот град Днипро, 19-годишна жена се обидела да го продаде својот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. Наводно, 19-годишната му го понудила детето на свој познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Од парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето било преземено од полицијата и предадено на надлежните. Неговата мајка беше обвинета за трговија со луѓе.