More

    Полска ќе ги враќа военоспособните во Украина

    spot_img

    Полскиот министер за одбрана, Владислав Косињак-Камиш, во интервју за Полсат њуз изјави дека Полска е подготвена да и помогне на Украина да ги врати военоспособните мажи за „да ја исполнат својата граѓанска обврска“.

    – Мислам дека многу Полјаци се огорчени кога гледаат млади Украинци во хотели и кафулиња, а слушаат колку труд треба да вложиме за да и помогнеме на Украина – рече Косињак-Камиш.

    Полскиот министер потврди дека Варшава веќе и понудила помош на Украина во минатото за да можат регрутите да се вратат во својата земја.

    – Секаква поддршка е можна“, одговори Косињак-Камиш на прашањето како ќе се постави  Полска доколку Киев побара мажите кои ќе го изгубат правото да останат во Полска, да се вратат дома.

    Ројтерс, повикувајќи се на Евростат, пишува дека во земјите на Европската унија живеат околу 4,3 милиони Украинци.

    Полска им додели статус на привремена заштита на 950.000 Украинци, втор најголем број по Германија. Инаку, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба објави дека се сопрени конзуларните услуги за украинските мажи кои се воени обврзници.

    Украинската влада им забрани на конзулатите да издаваат украински пасоши, за домашни или за меѓународни патувања, на украински мажи на возраст меѓу 18 и 60 години. Отсега овие документи ќе бидат достапни само во Државната служба за миграција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img