More

    Во Турција беа поставени речиси 51.000 шатори за загрозените од земјотресот

    spot_img

    Агенцијата за управување со вонредни состојби на Турција (АФАД) соопшти дека е завршено поставувањето на станбени шатори во подрачјата погодени од земјотресите. Досега се поставени вкупно 50.818 големи семејни шатори за сместување на жртвите од земјотресот.

    Една од шаторските населби е поставена на стадионот во градот Кахраманмарас на југот на Турција.
    „Исто така, вкупниот број на персонал за пребарување и спасување во регионот составен од персонал од АФАД, Жандармеријата, Министерството за одбрана, Противпожарните бригади, Министерството за образование, невладините организации и волонтери е 79.110. Во подрачјата погодени од земјотресите се испратени и 5.309 лица кои дошле на помош од други земји“, се наведува во соопштението.

    Во погодените подрачја испратени се вкупно 5.402 возила – багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони, камиони за вода, приколки и други возила.

    „Вкупно десет бродови – девет бродови на командата на поморските сили и еден брод на командата на крајбрежната стража, беа испратени во регионот заради транспорт на персонал, материјали и евакуација“, соопшти АФАД.

    Во Турција, најмалку 7.108 луѓе загинаа, а 40.910 се повредени по двата силни земјотреси што во понеделникот го потресоа јужниот дел на земјата и соседна Сирија, соопшти Управата за вонредни ситуации (АФАД).

    Како последица на земјотресот во соседна Сирија животот го загубија најмалку 2.530 лица, а повредени се 4.645 лица.

    Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Турција рано наутро во понеделникот. Епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Пазарчик во Кахраманмарас. Провинциите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис беа сериозно погодени од земјотресот.

    После тоа, нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Елбистан, исто така во провинцијата Кахраманмарас, во понеделникот во 13 часот и 24 минути.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img