More

    По трет пат се одложува рочиштето за случајот со родилката од Дебар

    spot_img

    Во Основниот суд во Струга денеска по трет пат беше одложено судењето за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која ѝ беа отстранети три органи по породувањето со царски рез, против тројца лекари од Болницата во Струга.

    Одлагањето, како што беше истакнато на денешното рочиште, на кое требаше да сведочи медицинска сестра на барање на Обвинителството, е поради отсуство на адвокат на обвинета во случајот. Судењето е закажано за 9 мај, со образложение дека адвокатот имал хирушка интервенција.

    Адвокатот на оштетената Веапоска, Сашо Јанев, смета дека неговиот колега од спротивниот табор навистина имал здравствени проблеми и оти одлагањето не е дел од неговата тактика.

    – Го познавам како чесен адвокат и верувам дека навистина е на оперативен зафат. Јас му посакувам брзо оздравување. Секој адвокат има своја тактика. Искрено не верувам дека ова е дел од тактиката. Меѓутоа, сепак премногу време одминува по однос на ова судење. Очекувам дека од следното рочиште ќе се убрза целокупниот процес и ќе дојдеме до првостепена пресуда во најскоро можен рок – изјави Јанев по излегувањето од судницата.

    Оштетената Веапоска смета дека постапката се одолговлекува од почетокот и оти ова одлагање е купување време, но очекува дека еден ден правдата ќе биде задоволена.

    – Постапката се одолговлекува уште од самиот почеток, уште од Лекарската комора и од Министерството за здравство, па сѐ до тука. Колку и да се одложува еден ден ќе дојде крајот, мислам дека правда треба и мора да има за овој случај – рече Веапоска.

    Кажа дека досега се немала соочено со ниту еден доктор надвор од судницата, но оти сака законски да одговараат за тоа што останала без матка, јајник и бубрег. Веапоска истакна дека се лекувала на психијатрија и оти здравствената состојба сѐ повеќе ѝ се влошува психички и физички, а во меѓувреме имала и друг оперативен зафат во кој и била отстранета жолчката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img