Во текот на ноќта бил зголемен метежот на границата од Русија кон Финска

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во текот на ноќта бил зголемен метежот на границата од Русија кон Финска, соопшти финската гранична стража, додавајќи дека утрово ситуацијата е под контрола и дека работат 9 гранични пунктови.

Финска внимателно ја следи ситуацијата кај својот сосед по наредбата на претседателот Владимир Путин за воена мобилизација, изјави вчера министерот за одбрана Анти Кајконен.

– Бројот очигледно е зголемен – изјави за Ројтерс шефот за меѓународни работи на финската граничари, Мати Питканиити.

Најавата на Путин ги зголеми стравувањата дека на Русите нема да им биде дозволено да ја напуштат земјата и го зголеми бројот на летови во еден правец надвор од Русија.

Бројот на луѓе што ја преминале границата вчера, сепак, бил помал отколку за време на викендот, вели Питканиити.

Тој рече дека 4.824 Руси пристигнале во Финска преку источната граница вчера, што е повеќе од 3.133 една недела порано.

Во северна Норвешка, немало промени во бројот на Руси кои преминале во нордиската земја, изјави полициски претставник за Ројтерс.

Share This Article