More

    Во страшна несреќа загинаа челниците на „руски Фејсбук“

    spot_img

    Двајца директори на социјалните мрежи наречени „руски Фејсбук“ загинаа вчера откако нивното теренско возило (ATV) се преврте во беснее арктичка река.

    Заменик-извршниот директор Владимир Габриелјан (39) и директорот за набавка Сергеј Мерзљаков (44) ги загубија животите по неуспешниот обид да ја преминат реката Бољшој Бугрјанец во областа Аркангелск во северна Русија.

    Силен порој го превртел нивното возило кое потоа удрило во карпите. Габриелјан и Мерзљаков успеале да излезат од автомобилот, но починале од хипотермија бидејќи носеле мокра облека, а температурата била околу нулата. Спасувачите вчераутро ги пронашле нивните тела на брегот на реката.

    Сопругата на Габриел, Елена и нивниот пријател Сергеј Олсевич, кој ги придружуваше во друг АТВ, кој исто така беше превртен од реката, за чудо преживеаја откако пешачеа околу 26 километри за да стигнат до најблиската колиба и да ги повикаат властите, пишува Дејли мејл.

    Мултимилионерот Габриелјан и неговата група го истражуваа далечниот полуостров Канин во северна Русија. Инцидентот се случил во понеделникот околу 17 часот по локално време, кога Габриелјан решил да ја преминат реката иако таа била надојдена.

    Мислел дека АТВ ќе може да ја помине реката и преку радио им рекол на сопругата и на Олшевиќ да го следат.

    „Чекав на брегот и по 10 минути ми рекоа да ги следам. Неколку минути подоцна Владимир ми кажа дека реката е многу опасна и дека морам да внимавам“, изјави Олсевич за рускиот медиум База.

    Пешачевме 26 километри
    Но, реката ги преврте двете возила и го уништи сателитскиот телефон на Олсевич за да не можеа да повикаат помош.

    „Јас и Елена излеговме, но телефонот го однесе реката. Радиото сè уште работеше, но никој не беше на дострел“, рече Олшевиќ.

    Парот потоа пешачел околу 26 километри покрај брегот додека не наишле на колибата на сточар. Таму се засолниле во текот на ноќта, а следното утро пристигнале спасувачките екипи.

    VK е најголемата руска платформа за социјални медиуми која функционира слично на Facebook. „Утрово дознавме дека Владимир Габриелјан и Сергеј Мерзљаков загинале во трагична несреќа. Тагуваме заедно со нивното семејство, пријателите и најблиските. Владимир и Сергеј засекогаш ќе останат дел од нашиот тим“, објави вчера ВК.

    Габриелјан е во управниот одбор на ВК од март, а заменик генерален директор од 2019 година, пренесува Индекс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img