Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во 23:45 часот на локалниот пат од село Лисичани кон село Пласница на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, повредени се осум лица меѓу кои и малолетник кој управувал со едно од возилата.
– Синоќа во 23:45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локалниот пат од село Лисичани за село Пласница во близина на село Лисичани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17-годишник од Македонски Брод и патничко возило „опел астра“ со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н.(19) од село Лисичани-кичевско, се наведува во денешниот билтен на МВР.
Во несреќата, како што информираат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.