Во Скопје се одржа марш за сеќавање на жртвите од страшниот геноцид

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На ниеден народ, на ниедна вера и на ниедна нација да не ѝсе случи Сребреница, ова е пораката која денеска беше испратена на традиционален комеморативен „Марш за Сребреница“ во Скопје. Маршот се одржа во знак на почит и сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.

– Денеска се сеќаваме на страшното злосторство, геноцид кој е сторен во нашата матична држава Босна и Херцеговина каде се убиени преку осум илјади Бошњаци. Убиени се многу повеќе Бошњаци во тие денови, но масакрот кој е направен во Сребреница и кој според меѓународниот суд е окарактеризиран како геноцид е нешто најголемо и нешто најстрашно и затоа овој ден е ден во кој се сеќаваме на страшното злосторство – истакна Џеват Хот, претседател на бошњачкиот Национален совет и организатор на маршот.

Во пресрет на маршот беше одржана и ликовна средба на ликовни уметници кои изминатите пет дена изработиле уметнички дела на тема Сребреница и тие беа изложени на плоштадот „Македонија”.

– Со нивните слики уметниците сакаа да го покажат страшното злосторство што се случило. Имавме уметници од цела поранешна Југославија и сите тие се здружија со цел на луѓето од целиот свет да им испратат порака дека ова што се има случено во Сребреница да не се повтори веќе никаде и никогаш. Сведоци сме дека сега нешто слично има во Украина што не треба да се случи – порача Хот.

Маршот започна во 18:30 часот во Чаир, преку булевар „Џон Кенеди“, Стара скопска чаршија, плоштад „Филип Втори“ и заврши на плоштадот „Македонија“ каде што се одржа комеморативна програма за сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница.

фото: МИА

Share This Article