More

    ВО СДСМ ЕДИНСТВЕНО ЌЕ СЕ ПРОМЕНАТ ВРАТИТЕ И ПЕНЏЕРИНАТА НА ПАРТИСКИТЕ ПРОСТОРИИ, КАДРИТЕ СЕ ИН ВИТРО ОД ДОКАЖАНИ УНИШТУВАЧИ НА СДСМ!!

    spot_img

    Враќање во минатото на клиентелизмот и самобендисаноста,народот има силна поговорка:„Од дрвено на камено“,вака со една реченица би се опишало новото лице на СДСМ.

    „ПАРТИСКИ СОПКИ ИЛИ ПАРТИСКО ИН ВИТРО НА СТАРИТЕ КАДРИ?“

    Искрено дававме простор на Венко Филипче со надеж дека ќе успее да ја консолидира СДСМ  во некое ново светло, со некои нови ликови на челни позиции,зошто само здрав СДСМ може да биде коректор на власта,но за жал првите решенија на локални партиски лидери ,укажуваат дека во СДСМ може да се променат само врати и пенџери, додека фамилијарното партиско стебло не го менуваат до трето колено.

    Познавајќи го доволно Венко Филипче ,искрено верував дека ќе повлече мудри потези и дека нема да влечетовар од неговите претходноци,повеќе од фактот што Филипче и како министер се залагаше за раководни кадри од професионална гледна точка , што тогаш допринесе за енормен раст на неговиот политички рејтинг.

    Но за жал ,вероватно СДСМ никогаш нема да се исчисти од фосилните политички остатоци,кој сиот свој живот го поминаа на директорско – раководна цицка,но се погрижија и нивните наследници да го изодат нивниот пат,што се покажа како погубна политика и политички нокаут од страна на граѓаните,од кој нокаут со вакви нови нивни кадри ,само укажува дека уште долго , долго ќе останат на работ на слаба опозициска минорна партија.

    НОВОТО ЛИЦЕ НА СДСМ СО СТАРИ КОРЕНИ,АСЕН ШАЈН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО СДСМ ОХРИД?

    Доколку од изборот на Асен Шајн (Коалиција ,Јас,бате и тате) за прв социјалдемократ во Охрид ,се гледа предвесникот на промените во СДСМ,тогаш вакви промени не му требаат ниту на членовите на СДСДМ,а уште помалку даваат простор на симпатизерите и на граѓаните ,дека можеби утре или некој друг сончев убав ден ,ќе ги огрее сонце со вакви излитени кадри!

    Причини мал милион,за ваквото мое тврдење, но ајде да одиме по ред,кое е новиот кадар на СДСМ:

    Асен Шајн повеќе од две години раководеше со ЈЗУ Општа Болница Охрид, резултат од неговото директорување:Милионски долгови на болницата, немање гориво за возилата на итната помош,крајно нарушени меѓучовечки односи во болницата.

    Долгот на ЈЗУ Општа Болница се провлекува од едно децениското директорување со охридската болница на таткото на Асен Шајн ,Боро Шајн, но каде застанал Тате,еде продолжило и синчето , но тука бил и Бате адвокатот , кој цели 6 години си диплел пари на име на паушали.

    Сопругата на Асен Шајн ,беше долгогодишна директорка на Охридскиот Завод и музеј,нели генезата во СДСМ е целата фамилија да се натреска на директориски места,по примерот на Тате Боро и Вујче Рилко кој со СДСМ Охрид раководат веќе 25 години.

    Е токму страната изборна слика во Охрид на СДСМ беше пореди оваа фамилија Шајновци,но ете пробајте си ја среќата поново , со ваков кадар СДСМ на наредните избори ќе освои фантастични 1000 гласови, со кој нема да можат да освојат ниту советничко место во совет на Општина Охрид ,а дотогаш нека ја конзервираат партиската просторија во Охрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img