Во САД е одобрена вакцина за доенчиња и деца од предучилишна возраст

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) ги одобри првите вакцини против ковид за доенчиња и деца од предучилишна возраст од компаниите „Фајзер“ и „Модерна“, што го отвори патот за нивната вакцинација, која треба да започне следната недела, објави агенцијата АП.

Одлуката на ФДА значи дека е исполнет еден од двата предуслови за вакцинација на деца до пет години и на околу 18 милиони млади луѓе во САД.

„Останува Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да препорачаат начин како да се даде вакцината, а нивните советници за вакцини се подготвени да разговараат за вакцините за најмалите деца денес и да гласаат во сабота“, соопшти АП.

Директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски, на сослушувањето во Сенатот изјави дека „педијатриската смртност“ од ковид 19 е повисока од она што генерално се гледа од грипот секоја година.

„Значи, всушност мислам дека треба да ги заштитиме малите деца, како и да ги заштитиме сите со вакцината, особено постарите“, рече Валенски.

Share This Article