More

    Смртоносен пожар го зафати Чиле: Загинаа 122 лица, воведен е полициски час

    spot_img

    Властите во јужноамериканската земја Чиле објавија дека најмалку 122 лица загинале во шумските пожари што ги зафатија централните и јужните делови на земјата.

    Пожарите избувнаа во време на високи температури во Чиле, поради временскиот феномен Ел Нино кој предизвика високи температури и шумски пожари во неколку земји од Латинска Америка, вклучувајќи ги Колумбија, Еквадор и Аргентина.

    Пожарот избувна во природниот парк Лејк Пенуелас, на околу 20 километри од Валпараисо.

    Бројот на загинати од шумските пожари што беснеат низ централно Чиле достигна 122 во понеделникот, а екипите за итни случаи сè уште наоѓаат тела закопани три дена по избувнувањето на пожарите.

    Билансот на жртвите од најтешката природна катастрофа во Чиле во изминатите години се очекуваше да се зголеми додека жителите, пожарникарите и војската се тркаа да ги расчистат урнатините во станбените области на крајбрежните градови Валпараисо и Вина Дел Мар, каде што огнот ги зафати домовите за неколку минути.

    Анадолија
    „Тоа е како воена зона, како да пукна бомба“, рече Жаклин Атенас (63), која побегна од својот дом во петокот.

    Воведен е полициски час
    Заменик-министерот за внатрешни работи Мануел Монсалве во неделата изјави дека се уште има 165 активни пожари, наспроти 154 во саботата. Во најтешко погодените региони е воведен полициски час, а армијата е испратена да им помогне на пожарникарите да го спречат ширењето на пламените јазици.

    Монсалве рече дека малку пониски температури и облачност може да им помогнат на властите да ги изгаснат пожарите во наредните денови.

    Сè уште ќе имаме високи температури, но не и екстремни“, рече Монсалве на прес-конференција.

    Чилеанската истражна полиција (ПДИ) соопшти дека ги истражува областите каде што пожарите можеби биле намерно подметнати.

    Анадолија
    Чиле, Аргентина и други делови од јужниот конус на Јужна Америка се соочуваат со силен топлотен бран, кој според експертите ќе зачести во текот на летните месеци на јужната хемисфера поради климатските промени, пишува Ројтерс.

    Екстремните временски услови во Чиле ги влошува и временскиот феномен Ел Нино, кој го загрева Тихиот Океан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img