Во прилепските училишта пристигнала закана дека ќе фрчат куршуми

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во електронското сандаче на прилепското основно училиште „Блаже Конески“, а најверојатно и во останатите три училишта, утринава пристигнале вознемирувачки пораки, но овој пат не станувало збор за дојава за поставена бомба во училиштните објекти, туку дека ќе се пука со огнено оружје кон прозорците на училиштата.

„Денеска нема да поставиме бомба, туку ќе пукаме кон училишните прозорци“ – стоело во дописот испратен до училиштето ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп.

Нашиот соговорник, инаку вработен во училиштето, ни објасни дека веднаш била известена полицијата која веднаш пристигнала во училиштето и ги спровела сите потребни активности за евакуација на учениците.

– Не знам дали ова станува збор за некоја невкусна шега, но ова навистина нѐ вознемирува нас вработените, а особено негативно влијае врз учениците – ни раскажаа вработени во училиштето.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) се обидовме да добиеме одговор што точно пишувало во електронските пошти испратени до двете прилепски училишта и дали можеби на друг начин ќе се реагира доколку заканата е со пукање кон училиштето, но оттаму ни пристигна само официјалното соопштение кое беше испратено до сите медиуми.

„Денеска до 09.30 часот пријавено е дека на електронските адреси на 10 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во четири училишта во Прилеп“, се наведува во соопштението од МВР.

Share This Article