More

    Во попладневните часови ќе има ветар и дожд

    spot_img

    Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер над 70 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со силен ветер, над 60 km/h. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 21 степен.

    Според најавите од УХМР и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер, над 70 km/h.

    Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе биде во опаѓање. Во следните денови под влијание на серија на влажни бранови ќе преовладува променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд. Нестабилно време со пообилни врнежи, проследени со грмежи се очекува во среда попладне и во четврток.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img