More

    Во Полска пристигнаа елитни американски војници

    spot_img

    Авион со неколку десетици елитни американски војници и опрема е забележан како денеска слетува во југоисточна Полска во близина на границата со Украина, јави американската телевизија Еј-Би-Си.

    Војниците пристигнаа по наредба на претседателот Џо Бајден во Полска да бидат распоредени 1.700 војници поради стравувањата од руска инвазија на Украина. Планирано е распоредување и на околу 1300 америкнаски војници во Романија.

    Претходно Пентагон информираше 1.700 војници, претежно од 82. воздушно-десантна дивизија, ќе бидат префрлени од Форт Брег, Северна Каролина, во Полска.

    Вчера, со авион во Полска пристигна командантот на 82. воздушнодесантна дивизија, генерал-мајор Кристофер Донаху. Инаку, на 30 август тој беше последниот американски војник што го напушти Авганистан.

    САДржави денеска соопштија дека не испраќаат војници за да почнат војна против Русија, откако распоредија дополнителни 3.000 војници во Германија и Источна Европа поради руско-украинската криза на границата..

    – Претседателот Џо Бајден со месеци е „на чисто“  дека САД не испраќаат сили за да започнат војна или да водат војна со Русија во Украина. Испративме сили во Европа да ја бранат територијата на НАТО – изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан за Фокс Њуз Сандеј.

    Саливан, исто така, изјави за Ен-Би-Си дека „воена ескалација и инвазија на Украина може да се случи во секое време“.

    Украинското претседателство денеска оцени дека шансите за изнаоѓање „дипломатско решение“ за „кризата со Русија“ се значително поголеми „од можноста за воена „ескалација“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img