More

    Во периодот од 1 јули до 30 септември во Хрватска се плаќаат поскапи патарини

    spot_img

    Во периодот од 1 јули до 30 септември во Хрватска се плаќаат поскапи патарини. Компанијата „Хрватски автопатишта“ одлучи и годинава сезонските цени да ги зголеми за 10%.

    Сезонското зголемување на цената на патарините не важи за камионите и автобусите.

    Цената на патарината на автопатот А1 на делницата од Загреб до Карловац ќе изнесува 2,80 евра наместо досегашните 2,50 евра, додека цената на делницата Загреб – Дугопоље се зголемува. на 26,40 евра наместо досегашните 24 евра.

    Исто така, патарината на  автопатската делница Загреб – Риека ќе чини 10,10 евра, додека досега беше 9,20 евра, а делницата Загреб – Горичан наместо 5,80 евра ќе чини 6,40 евра.

    Патарината на делницата Загреб – Липовац на А3 поскапува на 18,60 евра од 16,90 евра, а Загреб – Осиек на 17,70 евра од 16,10 евра.

    Сезонските цени на патарините во Хрватска  беа воведени во 2017 година, но не се применуваа во последните четири години (за време и по кризата со КОВИД), како една од мерките за поддршка на граѓаните и стопанството во туристичката сезона.

    Кога Хрватска влезе во еврозоната, износот на патарините беше заокружн на една децимала, што им овозможило на корисниците да имаат пониски цени.

    Воведувањето на сезонските цени на патарините за одредени категории возила произлегува од тоа што во летните месеци се реализира околу 40 отсто од вкупниот годишен сообраќај, а на некои автопати бројот на возила во летниот период се зголемува и до три пати во однос на остатокот од годината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img