More

    Во Норвешка официјално стапува на сила признавањето на независната палестинска држава, а Шпанија и Ирска треба да го следат примерот подоцна во текот на денот, и покрај жестокото противење од Израел

    spot_img

    Во Норвешка денеска официјално стапува на сила признавањето на независната палестинска држава, а Шпанија и Ирска треба да го следат примерот подоцна во текот на денот, и покрај жестокото противење од Израел, јави ДПА.

    „Формалното норвешко признавање на Палестина како држава ќе стапи на сила денеска, на 28 мај 2024 година. Голем број други европски земји, исто така, формално ќе ја признаат Палестина на истиот датум“, се вели во соопштението на норвешкото Министерство за надворешни работи.

    Вкупно 143 земји ја признале Палестина заклучно со 22 мај, пишува Ал Џезира.

    Трите европски земји го најавија потегот истовремено минатата недела, а нивните лидери рекоа дека се надеваат оти другите земји ќе се приклучат на иницијативата, верувајќи дека тоа ќе ги унапреди изгледите за мир по повеќе од седум месеци борби меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас.

    Мнозинството земји-членки на Обединетите нации ја признаваат државата Палестина.

    Сепак, влијателните западни нации како што се Соединетите Американски Држави, Велика Британија и повеќето држави на ЕУ не признаваат независна палестинска држава, забележува ДПА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img