Во наредните пет месеци ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов од раскрсницата со булеварот Св. Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка црква

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во наредните пет месеци ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов од раскрсницата со булеварот Св. Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка црква.

Реконструкцијата опфаќа градежни работи на коловозот од 5350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4500 м2, нови рабници, градежни работи на нова фекална канализација Ф600 мм, изведба на нова водоводна мрежа, ново улично осветлување со лед светилки со контролери.

Со реконструкцијата ќе се направи сообраќајница со нови пешачки и велосипедски патеки и дополнителни велосипедски ленти на коловоз.

– Реконструкцијата на оваа улица ги решава секојдневни проблеми на граѓаните од овој дел на општината Центар, а ние посветено работиме во нивен интерес. Со овој проект се решава еден голем проблем за жителите кои редовно транзитираат на овој дел на центарот на градот и дополнително се зголемува безбедноста и сигурноста за учесниците во сообраќајот – рече градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која денеска изврши увид во почетокот на градежните работи.

Рокот на изведба е 5 месеци, а Градот Скопје за реконструкција вложува 43 милиони денари.

Share This Article