More

    Во Косово од денеска стапува во сила одлуката на Владата на премиерот Албин Курти за замена на регистарските таблички на возилата на косовските граѓани

    spot_img

    Во Косово од денеска стапува во сила одлуката на Владата на премиерот Албин Курти за замена на регистарските таблички на возилата на косовските граѓани регистрирани во Србија со оние кои се пропишани со законите на Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Според одлуката што минатата недела ја донесе владата на Курти, од денеска ќе се изрекуваат санкции на оние кои во Косово нема да ги променат табличките кои се регистрирани во Србија, со кратенките на српските топоними за градовите во Косово – како ПР за Приштина (да се замени со 01 … -., како ознака за регионот на косовската престолнина), КМ за Митровица, УР за Урошевац, ПЗ за Призрен, ГЊ за Гњилане итн.

    Од денеска, во наредните три недели, до 21 ноември, на возилата кои ќе се затекнат низ косовските патишта со српски таблички ќе им се изрекува „укор”. По овој датум, до 21 јануари 2023, ќе се изрекуваат парични казни, додека од 21 јануари до 21 април ќе им се издаваат пробни таблички.

    „По 21.04. 2023 тие возила не ќе можат веќе да се регистрираат со таблички РКС (Република Косово), да влегуваат и да се движат низ територијата на Република Косово“, соопштија надлежните косовски власти.

    Од Европската унија вчера изјавија дека Косово има право да бара промена на српските со косовски регистарски таблички за сопствениците на возилата во Косово, но порачаа дека тоа треба да биде резултат од преговорите за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград.

    Разочарување од одлуката на Курти изрази и официјален Вашингтон, чиј посредник во преговорите меѓу Косово и Србија, Габриел Ескобар побара одлагање на спроведувањето на промената на табличките за една година.

    Домашни и меѓународни аналитичари, во изјави за медиумите, предупредија дека одбивањето на Курти да ја одложи одлуката за промена на табличките може да донесе до ескалација на состојбата во северниот дел на Косово, населен со мнозинско српско население, за кој се вели дека дејствува под директиви на Белград, кому одговара одржување на нестабилност во регионот.

    Американскиот амбасадор во Србија, Волтер Хил изјави деновиве дека „е несфатливо како може да се прави проблем за таблички кога светот се соочува со нуклеарна закана”, алудирајќи на руската агресија во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img